• четврток, 26 декември 2024

ЗОО Скопје: Без налог инспектори на АХВ упаднаа во ЗОО Скопје, ќе се поднесат кривични пријави

ЗОО Скопје: Без налог инспектори на АХВ упаднаа во ЗОО Скопје, ќе се поднесат кривични пријави

Скопје, 19 октомври 2024

Имено, од изутринава без налог, решение или било каков друг доказ инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа во ЗОО Скопје и извршија масакр врз птиците. Без образложение, овие лица по наредба на директорот на АХВ, а без доказ до овој момент убија неколку десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина.

Станува збор за украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат
природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк.

Целта на оваа секташка политика е да се предизвика нов измислен проблем, и да се обезбеди алиби за затварање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот. За оваа дело ЗОО Скопје ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа
во ЗОО Скопје.

ЗОО Скопје

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан