• четврток, 12 февруари 2026

ЗОИ2026: Норвежанецот Офтебро го освои златото во нордиска комбинација

ЗОИ2026: Норвежанецот Офтебро го освои златото во нордиска комбинација

 

Тесеро, 11 февруари 2026 (МИА) – Норвежанецот Јенс Лурас Офтебро (25) го освои денеска златниот медал на Зимските олимписки игри 2026 во нордиската комбинација во дисциплината „гундерсен“, која се состои од скок на мала скокалница и трка во крос-кантри од 10 километри.

По натпреварувањата на малата скокалница, Офтебро беше седмопласиран, со скок од 104 метри и 125.6 бодови, 28 помалку зад најдобриот во етапата, Естонецот Кристијан Илвес.

Сепак, во трката во крос – кантри, Норвежанецот го надомести заостанувањето, тргнувајќи во клучниот напад на два километри пред целта за конечен триумф со резултат од 29:59, 4 минути.

Сребрениот медал го освои Австриец Јоханес Лампартер (24) со точно една секунда заостанување, додека бронзата му припадна на Финецот Еро Хирвонен (30) со 2,5 секунди заостанување зад Офтебро.

Бранителот на титулата од пред четири години во Пекинг, Германецот Винценц Гајгер, го освои 10. место.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан