ЗОИ2026: Канаѓанката Олдам го освои златото во „биг ер“
- Канаѓанката Меган Олдам го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во скијање слободен стил во дисциплината „биг ер“.
Ливињо, 16 февруари 2026 (МИА) – Канаѓанката Меган Олдам го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во скијање слободен стил во дисциплината „биг ер“.
Олдам дојде до златото во Ливињо со вкупен резултат од 180,75 бодови.
Ова е втор медал за 24-годишната Олдам на ЗОИ 2026, откако минатата недела освои бронза во слоупстајл.
Сребрениот медал го освои Ејлин Гу од Кина, која собра 179 бодови, додека Италијанката Флора Табанели ја освои бронзата со 178,25 бодови.ег
ФОТО: ЕПА