• четврток, 05 март 2026

ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење

ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење

 

Бормио, 21 февруари 2026 (МИА) – Французинките Емили Хароп и Тибо Анселмет денеска во Бормио го освоија златниот медал во мешаната штафета во скијачко планирање, со што ѝ го донесоа на Франција седмот0 златно одличје на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026.

Откако освоија сребро и бронза во своите поединечни дисциплини во четвртокот, во олимпиското деби на дисциплината скијачко планинарење, Хароп и Анселмет водеа денеска од почетокот до крајот, пред Швајцарците (Маријана Фатон и Џон Кистлер) и шпанскиот тандем (Ориол Кардона и Ана Алонзо).

Фатон и Кардона претходно на ЗОИ 2026 ги освоија златните медали во поединечна конкуренција.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан