• недела, 22 февруари 2026

ЗОИ2026: Злато за Канада во карлинг

ЗОИ2026: Злато за Канада во карлинг

 

Кортина д‘ Ампецо, 22 февруари 2026 (МИА) – Канадската машка репрезентација во карлинг го освои златниот медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026, совладувајќи ја во финалето во Кортина д‘ Ампецо репрезентацијата на Велика Британија со 9-6.

Ова е второ олимписко злато за канадскиот „капитен“ Бред Џејкобс (40), првото го освои пред 12 години во Сочи, додека британската четворка предводена од Брус Муат (31) мораше да се задоволи со олимписко сребро втор пат по ред, откако го загуби финалето од Шведска по продолжение пред четири години во Пекинг.

Претходно во саботата, Швајцарија го освои бронзениот медал со победа од 9-1 над Норвешка. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан