• понеделник, 23 февруари 2026

ЗОИ2026: Злато за Австрија во скијачки скокови, натпреварувањето прекинато

ЗОИ2026: Злато за Австрија во скијачки скокови, натпреварувањето прекинато

 

Предацо, 16 февруари 2026 (МИА) – Австриската репрезентација во состав Јан Херл и Стефан Ембахер, го освои златниот олимписки медал во супертимското натпреварување во скијачки скокови во Предацо кое беше прекинато во завршницата поради снежни врнежи и силен ветер.

Натпреварувањето требаше да содржи три серии, но последната беше прекината поради невремето и за конечниот пласман одлучуваа само првите две серии.

Австријците Херл и Ембахер убедливо победија со 568,7 бодови, пред Полјаците Павел Васек и Кацпер Томашиак (547,3), додека Норвежаните Јохан Андре Форфанг и Кристофер Ериксен Сундал го освоија бронзениот медал (538).

За Полјакот Томашиак ова беше трет медал на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, по среброто на малата и бронзениот медал на голема скокалница во поединечна конкуренција. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан