• понеделник, 23 февруари 2026

ЗОИ 2026: Словачка се пласира во четвртфиналето, Шведска заврши трета во групата

ЗОИ 2026: Словачка се пласира во четвртфиналето, Шведска заврши трета во групата

Милано, 14 февруари 2026 (МИА) – Репрезентацијата на Словачка се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри 2026 на хокеарскиот турнир за мажи.

Словачка заврши прва во Групата Б со шест бода, иако денес загуби од Финска.

Финците завршија како втори исто така со шест бода и може да се пласираат директно во четвртфиналето ако бидат најдобра од второпласираните селекции во трите групи.

Шведска заврши трета во групната фаза и ќе игра во квалификацискиот плејоф. Италија, која заврши четврта откако загуби три од трите натпревари во групата, исто така ќе се натпреварува во плејофот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан