• четврток, 12 февруари 2026

ЗОИ 2026: Злато за Словенија во скокови во тимска конкуренција

ЗОИ 2026: Злато за Словенија во скокови во тимска конкуренција

Предацо, 10.февруари 2026 (МИА) – Мешаната репрезентација на Словенија (двајца мажи и две жени) го освои златниот медал на натпреварувањето во тимска конкуренција што се одржа вечерва. Словенечкиот состав Ника Водан, Анже Ланичек, Ника Превц и Домен Превц во двете серии собраа вкупно 1069.2 поени и на доминантен начин стигнаа до златниот медал.

Среброто го освои Норвешка, додека бронзата и припадна на репрезентацијата на Јапонија.

Ова за Словенија е прв златен медал на овие Игри откако претходно Ника Превц освои сребро во поединечна конкуренција. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан