• четврток, 12 февруари 2026

ЗОИ 2026: Брињоне најбрза во Супер-џи

ЗОИ 2026: Брињоне најбрза во Супер-џи

Кортина, 12 февруари 2026 (МИА) - Италијанката Федерика Брињоне го освои златниот медал во Супер-џи на Олимписките игри во 2026 година. Трката се одржа попладнево во скијачкиот центар Тофане во Кортина д'Ампецо, Италија.

Триесет и петгодишната Брињоне патеката ја помина со време од 1 минута и 23,41 секунди. 

Второто место го освои Французинката Романе Мирадоли (0,41 секунди заостанување). Третото место го освои Австријката Корнелија Хитер (0,52 секунди заостанување).

Седумнаесет од 43-те скијачки не ја завршија трката. Помеѓу нив се Германката Ема Ајхер, која освои два сребрени медали на оваа Олимпијада, Чехинката Естер Ледецка, победничка на Олимписките игри во 2018 и 2022 година, и освојувачката на бронзениот олимписки медал во 2026 година, Софија Гоџа од Италија. зс/

Фото: ЕПА


 

Остани поврзан