• понеделник, 23 декември 2024

ЗОИ: Сутер најбрза во женскиот спуст

ЗОИ: Сутер најбрза во женскиот спуст
Пекинг, 15 февруари 2022 (МИА) – Швајцарката Корин Сутер го освои златниот медал на спустот на Олимпијадата во Пекинг. Таа утрово забележа најдобро време во најбрзата алпска дисциплина. Сутер зад себе остави две Италијанки. До првата позиција швајцарската скијачка дојде со време 1:31.87 минута. Второпласираната Софија Гоџа на крајот имаше 16 стоти делови од секундата поспоро време од победничката и мораше да се задоволи со среброто. Третото место и бронзениот медал и припадна на Надја Делгадо со време 1:32.44 минута. Златото на Сутер е петто за Швајцарија на ЗОИ 2022 за во моментов осмо место во поредокот на земјите освојувачи на медали. зс/

Остани поврзан