• среда, 25 декември 2024

Зодер побара предвремени избори во Германија, во исто време со европските

Зодер побара предвремени избори во Германија, во исто време со европските

Берлин, 27 ноември 2023 (МИА) - Лидерот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Маркус Зодер денеска во Берлин предложи предвремени избори поради „проблемите во владејачката коалиција“.

Зборувајќи за можноста за одржување предвремени избори на 9 јуни - во исто време со европските избори, Зодер рече дека „Владата на левиот центар на канцеларот Олаф Шолц треба да распише предвремени избори бидејќи повеќе не е способна да се справува со проблемите на земјата“, јави ДПА.

Според него, коалициската влада треба да се соочи со гласање за доверба, но не во Парламентот, туку, како што рече, пред германскиот народ.

„Новите избори би можеле да резултираат со традиционална голема коалиција меѓу конзервативците и социјалдемократите на левиот центар на канцеларот Олаф Шолц, а другите комбинации нема да и го дадат на земјата потребното лидерство“, рече Зодер.

Тој потоа побара Владата да „разјасни како ќе се справи со буџетот по одлуката на Уставниот суд, која остави дупка од 60 милијарди евра во плановите на коалицијата“.

„Конзервативната опозиција нема да се спротивстави на федералната влада да прогласи вонредна состојба што ќе овозможи усвојување специјален дополнителен буџет за 2023 година за да се избегне кризата, но сепак ќе го смета овој потег за погрешен“, рече Зодер. паг/

Фото: МИА архива


 

 

Остани поврзан