• среда, 18 декември 2024

ЗНМ: Поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

ЗНМ: Поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Скопје, 25 јануари 2024

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска поврзано со денешниот вербален инцидент во скопскиот суд.

По добиена пријава денеска, при вршење на својата професија новинарката Рајчевска била вербално нападната од страна на обвинетото лице во судскиот случај „Ласкарци“. 

При обидот таа да побара изјава од страна на неговиот адвокат, обвинетиот и упатил пцовки и погрдни зборови со кои ја одвратил од обидот да земе изјава. 

Потсетуваме дека новинарите и медиумските работници се прозорецот кон јавноста и цврсто застануваме во одбрана на нивното достоинство како и нивната безбедност. 

Остро ги осудуваме ваквите инциденти кон нашите колеги и во исто време ги охрабруваме да ги пријавуваат за можеме гласно да реагираме и да покажеме поддршка и солидарност.


Здружение на новинарите на Македонија

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан