• понеделник, 17 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЗНАМ: Сочуство до семејствата на починатите во пожарот во Кочани, надлежните институции да ги изведат одговорните пред правдата

ЗНАМ: Сочуство до семејствата на починатите во пожарот во Кочани, надлежните институции да ги изведат одговорните пред правдата

Скопје, 16 март 2025 (МИА) -Движењето ЗНАМ за наша Македонија изрази сочувство до семејствата на починатите во пожарот во Кочани, и апелира до надлежните институции да ја завршат својата работа брзо и ефикасно и да ги изведат одгворните за трагедијата пред лицето на правдата.

-Во овие тешки моменти на болка и тага Движењето ЗНАМ за наша Македонија изразува длабоко сочуство до семејствата на починатите во пожарот во Кочани. Нашите мисли и молитви се со оние што ги загубија своите сакани и на семејствата на несреќно загинатите им посакуваме да ја издржат оваа незамислива загуба, а на повредените  брзо закрепнување. Во овие тешки моменти потребна е сплотеност, обединетост и взаемна солидарност на сите нас, се наведува во соопштението од ЗНАМ.

Воедно, ги повикуваат надлежните институции да ја завршат својата работа брзо, ефикасно и праведно.

-Движењето ЗНАМ за наша Македонија инсистира сите надлежни органи и институции да се вклучат во брзо расчистување на оваа трагедија и сите одговорни и сторители да бидат изведени пред лицето на правдата. Одговорност за сите виновни мора да има! Нека почиваат во мир овие невини млади души, се наведува во соопштението од Движењето ЗНАМ за наша Македонија. вг/

Фото: ЗНАМ

Остани поврзан