• среда, 25 декември 2024

ЗНАМ ги утврди кандидатите за двајца заменици министри во Владата

ЗНАМ ги утврди кандидатите за двајца заменици министри во Владата

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) – На седница на партискиот Централен одбор, ЗНАМ - За наша Македонија ги утврдила кандидатите за двајца заменици министри во Владата, во министерствата за дигитална трансформација и за енергетика и рударство.

Како што соопшти портпаролот на партијата Никола Мемов на прес-конференција, за кандидат за заменик-министер за енергетика е предложен Мирослав Лабудовиќ, магистер по електротехника, роден 1982.

За кандидат за заменик-министер за дигитална трансформација од ЦО на ЗНАМ е предложен Радослав Настасијевиќ Варџиски, магистер по економски науки, роден 1987 година. 

Партијата на Максим Димитриевски во новата Влада има две министерски места – Горан Минчев е министер за јавна администрација и Игор Филков – министер за правда. хс/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан