• четврток, 26 декември 2024

Злоупотребен профилот на кавадарчанка, некој лажно објавил дека двете ќерки и умреле од КОВИД-19

Злоупотребен профилот на кавадарчанка, некој лажно објавил дека двете ќерки и умреле од КОВИД-19
Кавадарци, 28 декември 2020 (МИА) - Злоупотребен е профилот на кавадарчанка, некој лажно објавил од нејзино име на интернет дека двете ќерки и умреле од КОВИД-19. Ставена е дури и фотографија. Дека станува збор за лажна вест, за МИА потврди сопругот на кавадарчанката и татко на двете млади девојки. Кавадарчани и тиквешани денеска со неверување ја примија оваа вест која се ширеше на интернет и се прашуваа дали е вистина. Дополнително, ја осудија постапката на тој што си поиграл со чувствата на семејството од Кавадарци. Но, побараа и санкционирање на таквите постапки и ширењето лажни вести. свд/аа/

Остани поврзан