• среда, 27 ноември 2024

Златното бикини нa принцезата Леја продадено за 175.000 долари

Златното бикини нa принцезата Леја продадено за 175.000 долари

Лос Анџелес, 30 јyли 2024 (МИА) - Златното бикини коешто глумицата Кери Фишер го носеше како принцезата Леја во филмот „Враќањето на Џедајот“ од серијалот „Војна на ѕвездите“ од 1983 година, е продадено за 175.000 долари.

Костимот, како можеби еден од најпознатите реквизити во овие филмови, беше продаден викендов по наддавање во аукциската куќа „Херитиџ“ со седиште во Далас.

Фишер го носеше овој костим во сцената кога нејзиниот лик е фатен од Џаба Хат во неговата палата.  си/

Фото: Фејсбук-објава, фотоисечок

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан