• четврток, 26 декември 2024

Златници стари 400 години одат на наддавање во Франција

Златници стари 400 години одат на наддавање во Франција
Париз, 3 септември 2021 (МИА) - Во мал замок на западот на Франција, пронајдено е богатство - златни парички од времето на кралевите Луј 13-ти и Луј 14-ти, објави денеска аукциската куќа „Ивоар Анже“, којашто ќе ги понуди на наддавање на крајот од септември. Кралските златници биле пронајдени 2019 година, но тоа беше објавено неодамна во јавноста. Двојка одлучи да реновира помал замок што го купиле во 2012., во западна Франција. За време на работите, металната кутија златници е откриена внатре во камен ѕид. Сопственикот на замокот, Франсоа Мион рече дека ковчежето било вградена во ѕидот и оти во него имало 239 златници и некои ретки предмети, во вредност од околу 15.000 евра. Аукциската куќа процени дека најверојатно станува збор за некаква заштеда на тогашниот сопственик на замокот. Според законот од 2016., парите од продажбата би биле поделени на два дела - едната половина ќе го поделат тројца работници кои го откриле богатството, а другата ќе им припадне на сопствениците на замокот. Меѓутоа, според најновиот закон, археолошкото наследство е 100 отсто државно. Но, во овој случај, новиот закон нема да се применува бидејќи се зема предвид датумот на купување на замокот - 2012 година, а не датумот на пронаоѓање на богатството.  си/

Остани поврзан