• сабота, 23 ноември 2024

Златните резерви на Русија се намалени за 11,6 милијарди долари

Златните резерви на Русија се намалени за 11,6 милијарди долари

Москва, 7 август 2023 (МИА) - Златните и девизните резерви на Русија во мај се намалија за 11,6 милијарди долари, стигнувајќи до 584,2 милијарди долари. Ова го посочуваат податоците на националните централни банки.

Се истакнува дека како резултат на тоа, земјата и го отстапи четвртото место на Индија меѓу економиите со најголеми меѓународни средства и падна на петтото место.

Од друга страна, Кина, според објавените податоци, и понатаму останува на врвот кога се во прашање меѓународните златни резерви - на крајот на мај 2023 година, нејзините средства изнесуваа 3,371 трилиони долари.

Во март, Руската централна банка (РЦБ) го обнови објавувањето податоци за структурата на девизните резерви. 

И додека Русија, Турција, Индија и Кина сочинуваат речиси 60 отсто од нето-промената на златните резерви на глобално ниво од 2017 до 2022 година, малите земји од Блискиот Исток и Северна Африка се тие кои купуваат злато со најбрзи стапки. Мавританија, Катар и Обединетите Арапски Емирати повеќе од тројно ги зголемија своите златни резерви од 2017 до 2022 година, додека Оман ја зголеми својата некогаш скудна понуда на злато за повеќе од сто пати. ссм/

Остани поврзан