• петок, 04 октомври 2024

Златибор подобар од МЗТ Скопје во финалето на АБА 2 лигата

Златибор подобар од МЗТ Скопје во финалето на АБА 2 лигата
Скопје, 17 април 2022 (МИА) – Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва во СЦ „Јане Сандански“ загубија од Златибор во финалниот натпревар на завршниот турнир во регионалната АБА 2 лига. Натпреварот беше решен по продолжение од пет минути, откако основните 40 завршија нерешено 72:72. Избраниците на тренерот Александар Петровиќ не го искористија последниот напад за победа, откако претходно успеаја да ја анулираат предноста на гостите од Србија која на моменти изнесуваше и 20 поени. И покрај поразот во финалето, МЗТ Скопје го обезбеди враќањето во јадранската елита, додека Златибор ќе игра бараж со најслабопласираниот српски тим во АБА 1. Најефикасен играч на натпреварот и најзаслужен за триумфот на Златибор ни во победничкиот тим беше Душан Кутлешиќ со 35 пени. Во поразениот тим Војдан Стојановски постигна 14 поени. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан