• недела, 24 ноември 2024

Златен медал за Марта Басино на мундијалскиот супервелеслалом

Златен медал за Марта Басино на мундијалскиот супервелеслалом

Куршевел Мерибел, 8 февруари 2023 (МИА) – Италијанката Марта Басино е победничка на денешниот Супер-Џи возен во рамките на Светското првенство во француски Куршевел Мерибел.

Басино до златото стигна со време 1:28.06 минута. Таа е втора по Изолде Костнер која донесе злато на својата земја од дисциплината супервелеслалом.

Второто место и припадна на Американката Микаела Шифрин која зад победничката заостана 11 стотинки.

За место на победнчкиот подиум се изборија и Корнелија Хутер (Швајцарија)  и Кајса Ли (Норвешка) кои имаа исто време 1:28.39 и освоија бронзен медал. зс/

Остани поврзан