• вторник, 14 јануари 2025

„Зимска приказна - час за читање“ во битолската библиотека

„Зимска приказна - час за читање“ во битолската библиотека

Битола, 14 јануари 2025 (МИА) - НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола од денеска и секој ден до крајот на јануари организира „Зимска приказна: Час за читање“, наменета за најмладите љубители на книги.

Во просториите на библиотеката секој ден од 11 до 13 часот има интерактивно читање на зимски приказни, информираа од НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола.

-Децата ќе имаат можност да слушнат волшебни зимски приказни читани од наши библиотекари и гости. По читањето, ќе организираме цртање, бојадисување, и правење мали фигури инспирирани од приказните. Преку овие активности, децата ќе се забавуваат, ќе ја развиваат својата имагинација и ќе научат нови нешта, соопштија домаќините на културниот настан.

Од НУУБ „Св. Климент Охридски“ посочија дека активноста е наменета за деца на возраст од 5 до 12 години, а паралелно и динамично се врши изнајмување на книги за возрасните на кои на раполагање им се најчитаните книги за овој период од годината. Според статистиката, доминира интерес за делата на македонските автори, потврдија од битолската библиотека. мт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан