• среда, 25 декември 2024

Зимбабве ја укина смртната казна, наследена од британската колонијална власт

Зимбабве ја укина смртната казна, наследена од британската колонијална власт

Хараре, 7 февруари 2024 (МИА) - Властите во Зимбабве одлучија да ја укинат смртната казна по неколкумесечна дебата во парламентот, и наместо тоа се определија за долги затворски казни за најтешките дела.

Владата вчера усвои предлог-закон што беше претставен во Националното собрание минатата година за укинување на смртната казна наследена од британската колонијална власт.

„Со оглед на потребата да се задржи елементот на одвраќање при изрекувањето на казните на убијците, се очекува новиот закон да изрече долги казни без да се наруши правото на живот“, се вели во соопштението на Владата.

Зимбабве ја изврши својата последна егзекуција во 2005 година, а претседателот Емерсон Мнангагва, и самиот еднаш осуден на смрт за време на борбата за независност против британската власт, се залагаше за укинување на смртната казна. ссм/

 

Остани поврзан