• среда, 25 декември 2024

Зимбабве бара задолжителни вакцини за владини претставници и наставници

Зимбабве бара задолжителни вакцини за владини претставници и наставници
Хараре, 7 септември 2021 (МИА) -  Зимбабве ги повикува владините претставници и наставници да се вакцинираат или да ја напуштат својата работа. Иако веќе се соочи со гневот на јавноста поради барањето за вакцинација за трговија на пазар, полагање испити и пристап до спортски сали и ресторани, властите во Зимбабве се залагаат за повисока стапка на вакцинација. - Ако сте државен службеник, за да ги заштитите другите и луѓето на кои им служите, вакцинирајте се, рече министерот за правда Зиамби Зиамби во изјава за локалното радио. - И ако сакате да ги остварите своите права ... можете да поднесете оставка, потенцираше министерот. Нешто повеќе од 2,7 милиони од 15 -те милиони луѓе во Зимбабве ја примиле првата доза вакцина досега, но честопати има редици луѓе пред центрите за вакцинација кои сакаат да се вакцинираат. Зимбабве неодамна ја одобри вакцината Џонсон и Џонсон за итна употреба, потпирајќи се на вакцини од Кина, Индија и Русија. ссм/

Остани поврзан