• петок, 22 ноември 2024

Зиелински конечно во Интер по осум години во Неапол

Зиелински конечно во Интер по осум години во Неапол

Милано, 3 јули 2024 (МИА) - Полјакот Пјотр Зиелински е ново засилување на Интер, откако Наполи не ја продолжи соработката со 29-годишниот играч за врска.

Долго време се зборуваше за преселбата на Зиелински од југот кон северот на Италија. „Нероазурите“ во зима се договорија со Полјакот да потпишат договор на три плус една година, а тој ќе добива 4,5 милиони евра по сезона.

Тимот од „Џузепе Меаца“ ќе ја брани титулата во Серија „А“, а носи човек кој има искуство во освојување на Скудетото. Тоа му успеа во сезоната 2022/23, кога титулата стигна во подножјето на Везув по 33 години пауза, а Полјакот беше важен „запчаник“ во тимот тогаш предводен од Лучано Спалети, актуелниот селектор на Италија.

Зиелински пристигна во Наполи во 2016 година од Удинезе. За осум сезони, тој постигна 51 гол на 364 натпревари во сите натпреварувања.

Се верува дека двете најголеми ѕвезди на гигантите од југот се на излезна врата, а станува збор за нигерискиот центарфор Виктор Осимен и грузискиот крилен напаѓач Хвича Кварацхелија. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан