Зидан: Прво разговор со управата, после одлука за мојата иднина
- Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, сè уште нема донесено одлука за својата иднина.
Мадрид, 22 мај 2021 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, сè уште нема донесено одлука за својата иднина.
- Сега не можам ништо да кажам. Би сакал да се сретнам со управата на клубот во наредните денови. Тогаш ќе видиме што ќе се случи, изјави Зидан за „Марка“.
Мадридскиот клуб заврши на второто место во сезоната 2020/21 во Шпанското првенство и остана без трофеј.
Французинот беше назначен за тренер на Реал Мадрид во 2019 година, откако претходно беше тренер на мадридскиот клуб од 2016 до 2018 година. Под негово водство, Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите трипати и стана шпански шампион двапати, поставувајќи рекорд за најдолга серија без пораз во клупската историја - 40 натпревари. зс/