• недела, 06 октомври 2024

Зидан е третиот тренер со 200 натпревари како предводник на Реал

Зидан е третиот тренер со 200 натпревари како предводник на Реал
Мадрид, 14 јуни 2020 (МИА) - Зинедин Зидан стана третиот тренер кој мина 200 натпревари на клупата на Реал Мадрид. Денешната средба од 28. коло од шпанската Ла Лига против Еибар е негов јубилеј. На претходните 199 натпревари, под водство на Зидан, Реал Мадрид победи 131 пати, 42 пати ремизира. Повеќе од Зидан, Реал го предводеа само Висенте дел Боске (246) и Мигел Муњоз (605). зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан