Зибери: Трајковски и Имери оставија наследство кое треба да го негуваме
- Кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери денеска ги посети вечните почивалишта на поранешниот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател на партијата за Демократски Просперит
Скопје, 28 јуни 2020 (МИА) - Кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери денеска ги посети вечните почивалишта на поранешниот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател на партијата за Демократски Просперитет, Имер Имери и одаде почит за нивниот придонес.
-Оддаваме почит кон луѓето кои дадоа огромен придонес во развојот на мултиетничкиот карактер на земјава, оставајќи притоа големо наследство преточено во Охридскиот рамковен договор, кој веќе стана дел и до преамбулата на Уставот како еден од клучните столбови на која се гради земјата, посочи Зибери.
Зибери го оцени придонесот на Трајковски и Имери како историски во изградбата на денешното мултиетничко општество, посочувајќи притоа дека како земја мора да го негуваме надградуваме ова наследство, зајакнувајќи ја со тоа довербата меѓу етничките заедници.
-Како Претседател на земјата, под покровителство на Борис Трајковски се одржуваа политичките преговори при креирањето на Охридскиот рамковен договор, а како претседател на Партијата за демократски просперитет, Имер Имери беше еден од четирите политички претставници кои ги водеа преговорите и на крајот беа потписници на Договорот, додаде Зибери. бт/цр