• среда, 25 декември 2024

Зибери: Измените на Законот за лична карта чекаат повеќе од една година во Собрание

Зибери: Измените на Законот за лична карта чекаат повеќе од една година во Собрание

Скопје, 27 декември 2023 (МИА) - Народниот правобранител, Насер Зибери, на денешната прес-конференција за состојбите со човековите слобода и права истакна дека проблемот на лицата кои не можат да извадат документи по основ на имот може да се реши со измените на Законот за лична карта, но рече дека тој Закон повеќе од една година чека во Собрание.

-Тој проблем да се реши со измените на Законот за лична карта, бидејќи важечкиот Закон познава две основи за измена на адреса, тоа се прикажување на право на сопственост на недвижност, стан, куќа итн или договор за закуп со кој исто така се обезбедува престој во легален објект, трет начин не познава. Измените на Законот за жал уште не се донесени иако повеќе од една година чекаат во Собрание, истакна Зибери.

Тој коментираше и околу доцнењето на добивањето на лични исправи каде што граѓаните нема да можат да стигнат да ги добијат новите исправи во определениот рок, односно на 24 февруари, за коешто, како што кажа, Министерството за внатрешни работи беше принудена да отвори дополнителни пунктови, но го потенцираше и трошокот за издавање на овие исправи.

-Иако укажав на неколку наврати дека трошоците за обновување на овие исправи за сите граѓани кои поднеле барање за нови исправи, а дадени им се исправи со стариот образец, со името Република Македонија, по стапувањето на сила на измените на Уставот, требаше да ги сноси државата, нагласи Зибери. сх/аа/


Фото: МИА

Остани поврзан