• среда, 25 декември 2024

Зеќирја Незири добитник на државната награда „22 Ноември“

Зеќирја Незири добитник на државната награда „22 Ноември“
Скопје, 17 ноември 2022 (МИА) - Албанологот проф. д-р Зеќирја Незири е годинашен добитник на државната награда „22 Ноември“. Оваа награда се доделува за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во земјава кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери. Одлуката ја донесе Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот. Како што соопштија од Одборот, наградата ќе му биде врачена на добитникот на 22 ноември оваа година во Собранието на Република Северна Македонија.бт/дма/

Остани поврзан