• среда, 25 декември 2024

Зеќири на ТВ 24: Законот за ЈО е важен затоа што со него се спасија предметите на СЈО

Зеќири на ТВ 24: Законот за ЈО е важен затоа што со него се спасија предметите на СЈО
Скопје, 18 февруари 2020 Мухамед Зеќири, потпретседател и пратеник од СДСМ во емисијата „Отворено“ на ТВ 24 зборуваше за Маршот за правда, на кој учевствуваа 15.000 граѓани, и објасни зошто бил организиран. „Не само ние како СДСМ, туку и граѓаните сакаат правда. Но, тоа што немаме правда не е по наша вина. Интегритетот на судиите е во прашање и затоа постои големо незадоволство. Тие се неефикасни во носењето одлуки во водење на предметите. Зошто беше важен овој Закон за Јавно обвинителство? Прво, затоа што мораше да се спасат предметите на СЈО и истрагите кои се отворени. Сега предметите се живи, и истрагите се живи и конечно ќе може да се постапува. Истрагите кои што се отворени имаат и материјални докази и затоа сега е ред на правосудните органи“- изјави Зеќири. Тој направи споредба со интензитетот на процесот „Рекет“ кој има рочишта секоја недела и предметите на СЈО кои по година и половина немале ниту едно заседание. „Треба да ја истераме маглата во која некој сака да покаже дека сите сме исти. Од оваа власт немало никаков притисок врз судиите. Нам од раководството на партијата ни е укажано дека не смее ниту еден функционер на СДСМ да се јави кај кого било во судот и да интервенира. Ова е момент кога треба да докажеме дека не сме сите исти. Имавме пред некој ден ПИ- мерки за еден од обвинетите во „Рекет“ и како тој имал средба со братот на премиерот и со еден адвокат. Но, власта не интервенирала, МВР не интервенирала, а министерот не можел да ги предупреди блиските луѓе на премиерот? Но, не сме го направиле тоа, ниту пак треба да го правиме. Премиерот е тој што го пријави случајот „Рекет“. Знаевме дека телевизијата на Бојан Јовановски имала симпатии кон политиките на СДСМ, но ако е виновен, ако погрешил пред законот ќе си одговара“- аргументираше Зеќири. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ _________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан