• среда, 27 ноември 2024

Зеќирија Ибрахими: Ставот за Асоцијација на албански општини е мој личен, не на партијата

Зеќирија Ибрахими: Ставот за Асоцијација на албански општини е мој личен, не на партијата

Скопје, 27 февруари 2023 (МИА) - Генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими вели дека  ставот за заедница на албанските општини во земјава е негов личен, и дека не е на органите на партијата.

-За поддршката на претседателот на партијата за ова прашање ќе треба да го прашате него лично. Ставот за Асоцијација на Албански Општини е мој личен, не на органите на партијата. Меѓутоа, јас сум генерален секретар на Алтернатива и не сум само поединец во партија, рече Ибрахими во разговор за ТВ 21. 

Тој појаснува дека немало состанок во партијата за овој став и оти тој е само негов личен, потикнат, како што вели, од неговите политички и интелектуални yбедувања. сст/дма/

фото ТВ 21

 

Остани поврзан