• вторник, 24 декември 2024

Зечевиќ: СДСМ е македонски печат на европската идеја

Зечевиќ: СДСМ е македонски печат на европската идеја

Скопје, 3 ноември 2022  Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ попладневно ги продолжи интензивните теренски активности и средби со членовите и симпатизерите на партијата во североисточниот регион на државата.

На работен состанок со членовите на општинската организација во Крива Паланка, Зечевиќ зборуваше за државничките политики на СДСМ и во изминатите 31 години но и нивното значење денеска, за европскиот пат и македонската иднина.

-СДСМ е печатот на македонската европска идеја. Од кандидатскит статус до почетокот на преговорите со заштитен македонски јазик. Ние сме носителите и наша обврска за иднината на оваа земја, овој концепт на Европска Македонија во целост да го релизираме. Членство во ЕУ како Македонци значи исполнување на последната стратешка и национална цел. Рамноправни во европското семејство на народи, со подобар животен стандард и сигурна иднина, рече Зечевиќ.

Придонесот на секој член на СДСМ во реализацијата на овие стратешки, државнички цели е огромен и значаен.  Почеток на преговори со ЕУ со македонски јазик, постигнат благодарение на визијата и одлуките донесени од СДСМ, е континуитет на тој современ македонски патриотизам, додаде Зечевиќ.

-Успеавме политички и економски да ја стабилизираме земјата. Сега од нас зависи. Од секој член на СДСМ очекувам максимална мобилизација, присутност на терен, меѓу граѓаните, меѓу членовите и работа за реализација на овие високи, државнички и национални цели. Затоа што од нашиот активизам, од нашата работа, зависи иднината на државата, рече генералниот секретар Миле Зечевиќ.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан