• среда, 25 декември 2024

Зечевиќ: Вредностите на НОБ се наша водилка, да се обединиме и да обезбедиме европска иднина за младите

Зечевиќ: Вредностите на НОБ се наша водилка, да се обединиме и да обезбедиме европска иднина за младите
Валандово, 6 ноември 2022 Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, попладнево ги продолжи интензивните теренски активности во Југоисточниот регион од државата. По средбите во Струмица и Радовиш, Зечевиќ се сретна со членовите и симпатизерите на СДСМ од општина Валандово. Да се биде дел од СДСМ значи да се биде биде на вистинската страна на историјата, но значи и обврска, задача, да се работи за иднината на младите, порача Зечевиќ. На Денот на општината и ослободувањето на Валандово, тој потсети на вредностите на НОБ и идеалот на нашите предци. - СДСМ почива на вредностите на НОБ, ние сме наследници на борбата и идеалите на нашите предци. Нивното дело, нивната генерациска борба ги постави темелите на слободна и независна македонска држава. Политичката борба на оваа генерација македонски политичари е врз основа на тие вредности да се избориме за европска иднина на младите., рече Заечевиќ. Генералниот секретар на СДСМ повика на обединување околу концетот на Европска Македонија и максимална мобилизација на членовите на партијата. - СДСМ е зајакната и внатрешно консолидирана, повторно на победничките патеки. Се согласуваме со тоа како треба да изгледа македонската иднина, дека нашиот европски пат треба да заврши со полноправно членство во ЕУ. Потребно е обединување и максимална мобилизација за остварување на македонската национална цел.  За тоа ќе биде потребна и вашата помош, заедно да покажеме кој е вистинскиот пат за нашата преубава татковина.  Со заеднички сили да им ја обезбедиме европската иднина на младите македонски генерации. Тоа е наша должност и обврска, рече Зечевиќ. Работата на СДСМ како на централно, така и на локално ниво е пример за работа во интерес на граѓаните и државата, додаде Зечевиќ посочувајќи го успешниот пример во работата на градоначалникот на Валандово од редовите на СДСМ, потпретседателот Перо Костадинов. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан