• среда, 25 декември 2024

Зечевиќ во Кочани: На делата и вредностите од НОБ го трасираме патот кон ЕУ, тоа е современиот патриотизам

Зечевиќ во Кочани: На делата и вредностите од НОБ го трасираме патот кон ЕУ, тоа е современиот патриотизам
16 ноември 2022 Генералниот секретар Миле Зечевиќ попладнево ги продолжи интензивните теренски активности на средби со членови и активисти на СДСМ од општинската организација во Кочани. Зечевиќ порача дека СДСМ, како партија која почива на вредностите од НОБ, е посветена на обезбедување на европската иднина на државата во кој македонскиот јазик и идентитет е рамноправен со останатите во Европската унија а македонскиот народ рамноправен и рамо до рамо со државотворните народи на Европа. - Токму во Кочани, во градот на моите предци и македонски корени, со гордост зборувам за вредностите на НОБ и делата на македонските великани кои се бореле за слободна и признаена македонска земја. Тие дела, тие вредности на НОБ се пресликани во државничките одлуки на СДСМ за иднината на земјата. Современиот македонски патриотизам е да станеме рамноправен член на ЕУ, за нашите млади македонски генерации да не ги напуштаат своите огништа за да живеат и создаваат во ЕУ, туку нивните родни македонски места да станат дел од Унијата. На тој европски пат ќе има пречки, затоа е неопходно општествено и национално обезбедување. Повикувам на семакедонско обединување за суштинското прашање за македонската иднина, за европската перспектива на младите, порача Зечевиќ. СДСМ Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан