• четврток, 26 декември 2024

Зехофер: Откажувањето од патување во странство сега е граѓанска должност

Зехофер: Откажувањето од патување во странство сега е граѓанска должност
Берлин, 30 јануари 2021 (МИА) - Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер апелираше до Германците да се откажат од патувања поради пандемијата на коронавирус, истакнувајќи дека „откажувањето од патување во странство сега е граѓанска должност“. „Во овој момент, апелирам до граѓаните да се откажат од патувања во странство, кои не се неопходни“, нагласи Зехофер во изјавата за весникот „Аугсбургер алгемајне“. Тој особено ги осуди луѓето кои сега патуваат во земјите каде се шири новиот вид, како што се Велика Британија, Португалија, Ирска, Јужна Африка и Бразил и кои на тој начин ризикуваат ширење на мутацијата на коронавирусот. Од денеска во Германија стапува на сила забраната за влез од Велика Британија, Ирска, Португалија, Бразил, Јужна Африка, а влезот од Лесото и Есватини во Јужна Африка е забранет од недела. Германските граѓани се ослободени од забраната за влез во земјата. Зехофер го објасни воведувањето на забраната како мерка за заштита на граѓаните, што смета дека е апсолутно неопходна. паг/

Остани поврзан