• вторник, 24 декември 2024

Земјотрес со јачина од 2.2 степени по Рихтер утрово во подрачјето на Скопје

Земјотрес со јачина од 2.2 степени по Рихтер утрово во подрачјето на Скопје

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - Земјотрес со  епицентар во скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда од 2.2 степени е регистриран утрово во 5 часот и 49 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Опсерваторијата. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан