• сабота, 28 декември 2024

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ги погоди Курилските острови

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ги погоди Курилските острови

Јужно-Курилск, 27 декември 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилските острови, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот е регистриран во близина на градот Јужно-Курилск, во копнениот дел на најголемиот остров, каде живеат околу 6.000 луѓе, нешто пред 14 часот по европско време.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 152 километри. паг/

 

 

 

Остани поврзан