• вторник, 17 декември 2024

Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди Тајван, нема информации за штети

Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди Тајван, нема информации за штети

Тајпеј, 26 април 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер го погоди Тајван. Епицентарот на земјотресот бил недалеку од брегот на округот Хуалиен во источниот дел на Тајван, соопшти метеоролошката служба на островот.

Засега нема податоци за штети.

Земјотресот, на длабочина од 24,9 километри, ги погоди зградите во главниот град на Тајван, Тајпеј. 

Во Тајван имаше повеќе од илјада последователни потреси по масовниот земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што предизвика жртви и разурнувања во округот Хуалиен претходно овој месец. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан