• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди индонезиската провинција Папуа

Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди индонезиската провинција Папуа

Порт Морзби, 10 април 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот брег на индонезиската провинција Папуа, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на 450 километри југо-југозападно од градот Џајапура или 294 километри од градот Кијунга, во Папуа Нова Гвинеја, на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за причинета штета. рп/ 

Фото: МИА архива

Остани поврзан