• сабота, 23 ноември 2024

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди Чиле
Калама, 2 ноември 2022 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја потресе Антафагаста, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 140 километри, на 22 километри од градот Калама. Чиле е најголемиот светски производител на бакар, а операциите на оваа индустрија се концентрирани токму во регионот Антафагаста. паг/  

Остани поврзан