• вторник, 24 декември 2024

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтер регистриран кај Крит

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтер регистриран кај Крит

Атина, 14 март 2023 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска западно од брегот на Крит, соопшти Националната опсерваторија на Атина.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 18:36 часот по локално време, бил на 98 километри југозападно од островот Китера во Јонското Море, пренесува „Екатимерини“.

Длабочината е проценета на 14 километри. рп/

Остани поврзан