Земјотрес од три степени попладнево почувствуван во Скопје
- Земјотрес попладнево е почувствуван во Скопје и северозападните делови од државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Скопје, 6 јануари 2025 (МИА) - Земјотрес попладнево е почувствуван во Скопје и северозападните делови од државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот е регистриран во 18:44 часот со Рихтерова магнитуда од 2,5 степени и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Епицентарот на земјотресот е на 25 километри северозападно од Скопје. бак/
Фото: МИА архива