• вторник, 19 ноември 2024

Земјотрес во Скопје со јачина од 2.9 степени

Земјотрес  во Скопје со јачина од 2.9 степени

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 2.9. е регистриран вечерва во 21 часот и 46 минути во скопското епицентрално подрачје, соопшти  Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет - Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага  опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и пошироката околина, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.лв/

Остани поврзан