• четврток, 26 декември 2024

Земјотрес во Кувајт од пет степени

Земјотрес во Кувајт од пет степени
Кувајт, 4 јуни 2022 (МИА) - Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Кувајт, соопшти Министерството за информации. Министерството на Твитер објави дека „Националната сеизмичка служба на Кувајт забележала земјотрес со јачина од 5 степени на југозападниот дел на Ал Ахмади, а се случил точно во 04:28 часот по локално време, на длабочина од 5 километри“. Кувајтската противпожарна служба соопшти дека во земјотресот не е причинета материјална штета. паг/  

Остани поврзан