• среда, 25 декември 2024

Земјоделци од Тиквешко реагираат на неизвесност околу откупна цена за пченица и јачмен

Земјоделци од Тиквешко реагираат на неизвесност околу откупна цена за пченица и јачмен

Кавадарци, 7 јуни 2024 (МИА) - Земјоделци од Тиквешко реагираат на неизвесност околу откупната цена за килограм пченица и јачмен оваа сезона. 

- Жетвата кај житните култури е што се вели на прагот, а откупувачите со кои разговаравме како да не се заинтересирани за откуп по достоинствени цени за нас земјоделците. Имено, ланските цени беа 10 и 9 денари по килограм пченица и јачмен. Што се однесува до нив, тие сакаат повторно да го откупат родот по тие цени. Но, според нашиот трошковник за производствена цена на чинење на нашиот производ, потребни се цени од 19 и 17 денари по килограм, изјави Стефан Стојчев од кавадаречкото село Сопот, кој стопанисува со 300 декари под јачмен. 

Стојчев подвлече дека проблем им се и намалените приходи бидејќи пред месец мај, имало сушен период со послаби врнежи од дожд. 

- Загриженоста кај земјоделците е оправдана. Неопходно е државата да помогне во надминувањето на ваквите состојби. Да се намалат загубите поради намалените приноси. Да се посредува и околу цената помеѓу произведувачите и откупувачите. Потребна ни е поголема организираност за да се чуе нашиот глас и да се посвети повеќе внимание на земјоделството,  за да не се зголемува бројот на необработувани ниви, апелираше 35 - годишниот регистриран земјоделец. свд/сст/


Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан