• вторник, 12 ноември 2024

Земјоделците од Штип, Велес и Свети Николе први добија картички за „зелена нафта“

Земјоделците од Штип, Велес и Свети Николе први добија картички за „зелена нафта“
Скопје, 24 август 2021 (МИА) - Во Подрачната единица на Министерството за земјодлество, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Штип денеска беа доделени првите картички за „зелена нафта“. Во Подрачната единица се доставени вкупно 1.148 картички со вкупна вредност од 7,7 милиони денари. Како што рече директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, освен земјоделците од Подрачната единица Штип, своите персонализирани платежни картички ќе може да ги подигнат и сите земјоделски стопанства кои спаѓаат во подрачните единици на МЗШВ во Велес и во Свети Николе. Утре картички за „зелена нафта“ ќе може да подигнат и земјоделците од Тетово и Боговиње, а наредните денови картичките ќе бидат достапни и во Кривогаштани, Прилеп, Крушево. Според Бачовски, од 26 август сите земјоделци од Демир Хисар и Битола ќе може да ги подигнат картичките за субвенционирано еуро дизел гориво. Директорот апелира до сите земјоделци, кога ќе одат да ги подигнат картичките за „зелена нафта“, да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД. Распределбата почнува од поледелците кои штотуку ја завршиле жетвата и од овогодинешната реколта и кога секој денар им е добредојден за да се подготват за есенска сеидба. -Корисниците на мерката „зелена нафта“ пред да почнат со искористување на средствата, откако ќе ја активираат картичката на најблиската бензинска, треба да направат и споредба на сумата која им е на картичката со сумата која ја имаат во решението, истакна Бачовски, кој заедно со раководителот на Подрачната единица на МЗШВ во Штип, Павел Иванов ги додели првите картички. Како и минатите години и оваа важат истиот начин и принцип на користење на картичките. Рокот за искористување на средствата е до крај на април 2022 година. Согласно изработената методологија, висината на поддршката по корисник е утврдена во зависност од големината на површините и типот на земјоделски култури што се одгледуваат. Како што информира Платежната агенција, за оваа мерка се обезбедени 200 милиони денари. Дополнителна помош за земјоделците во вид на картички за „зелена нафта“ се доделува трета година. - Почнавме со 30 проценти поддршка, а оваа и претходната година финансиравме 50 отсто од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација. На овој начин директно влијаевме врз намалување на производните трошоци кај лозарите, овоштарите, градинари и поледелците. Земјоделците се наш партнер какои досега и во иднина ќе продолжиме да креираме мерки и Програми кои ќе помагаат во раст и развој на агро секторот, се наведува во соопштението од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. цр/мч/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан