• недела, 10 ноември 2024

Земјоделците од карбинското село Таринци бараат стопирање на огласот за закуп на земјиште

Земјоделците од карбинското село Таринци бараат стопирање на огласот за закуп на земјиште

Штип, 21 мај 2021 (МИА) - Земјоделци од карбинското село Таринци се незадоволни од објавениот оглас за закуп на земјоделско земјиште. Над дваесеттина земјоделци своето незадоволство го изразија  пред општинската зграда, по што остварија средба со градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев.

-Денеска oстварив средба со незадоволни земјоделци од село Таринци, а на барање на Месната заедница Таринци. Незадоволството на земјоделците е поттикнато од повторно објавениот оглас за закуп на земјоделско земјиште. Земјоделците упатија барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да се иземе, односно стопира доделата на земјоделските површини објавени во оглас бр.01/21 за географска целина бр.24 Штип, за КО Таринци со вкупна површина од 44,88 хектари, изјави Насев.

Забележува дека барањето на земјоделците е целата површина од 44,88 хектари распоредена на десет катастарски парцели да биде огласена во нов оглас за закуп до три хектари, на кој оглас би можеле да конкурираат повеќе земјоделци. вдј/мд/

Остани поврзан