• петок, 27 декември 2024

Земјоделците и сточарите од Свети Николе дозволите за движење ќе ги обезбедуваат преку подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Земјоделците и сточарите од Свети Николе дозволите за движење ќе ги обезбедуваат преку подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Штип, 9 април 2021(МИА) - Свети Николе како земјоделски и сточарски регион ги известува граѓаните дека согласно најновите мерки сите индивидуални земјоделци регистрирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дозволите за движење можат да ги обезбедат преку подрачната единица на МЗШВ . - Евидентираните земјоделци кои не се запишани како индидуални земјоделци, а чуваат крупна стока овци, кози, крави и свињи можат да го регулираат движењето за време на забраната за движење со најава на телефонскиот број на Кризниот штаб 075/310-514 секој ден од 7:30 до 11:00 часот со доставување на податок за име и презиме, РБО за број на грло-добиток и КО број на парцела на фармата каде се чува стоката, се вели во соопштението од Општинскиот кризен штаб. Апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за справување со коронавирусот земајќи ја предвид бројката на заболени. Најновите бројки говорат дека во оваа општина регистрирани се 155 активни случаи, а само вчера имa 14 новозаразени. вдј/ки

Остани поврзан