• среда, 25 декември 2024

Земјоделското училиште Кавадарци подарува по една саксија цвеќе за секое прваче

Земјоделското училиште Кавадарци подарува по една саксија цвеќе за секое прваче

Кавадарци, 30 август 2024 (МИА) – Земјоделско – шумарското средно училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, подарува по една саксија цвеќе за секое прваче во општината, информираа денеска од училиштето што постои 67 години, на нивниот фејсбук-профил. Оттаму нагласија дека ваквата активност, веќе станува традиција.

- СОЗШУ „Ѓорче Петров“ – Кавадарци и оваа година подарува по една саксија цвеќе за секое прваче. Цвеќе одгледано со љубов од нашите ученици и наставници, сега со љубов поклонето на најмалите ученици, со цел да им посака убава, цветна и успешна учебна година.

Вработените во училиштето се потрудија саксијата со цвеќе да биде убаво спакувана и навреме доставена до секое училиште, за на втори септември да биде дадена на секој првоодделенец, соопштија од училиштето.

Оттаму изразија надеж дека ќе ги израдуваат првачињата. Истовремено, многу успех им посакаа и на сите други ученици, пред стартот на новата учебна година. свд/ир

Фото: Земјоделско – шумарско училиште Кавадарци

Остани поврзан