• недела, 01 септември 2024

Земјоделец повреден во рака од заталкано зрно од ловџиска пушка додека работел во нива 

Земјоделец повреден во рака од заталкано зрно од ловџиска пушка додека работел во нива 

Скопје, 4 август 2024 (МИА) - А.М.(33) од штипското село Чардаклија вчера околу 08.15 часот бил повреден во пределот на раката од заталкано зрно од ловџиска пушка додека работел во нива на местото викано „Брестика“, атар на село Долни Балван, општина Карбинци. 

Како што информира МВР настанот бил пријавен вчера во 09.45 часот во СВР Штип, а А.М. бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан